Wilo-шибер за пумпи
Изборот на пумпата е лесно! Со Wilo шиберот за избор на пумпи во мини формат...
Со големина на плик и супер едноставен за ракување. Едноставно идеален за пресметки директно на лице место. Wilo изборниот шибер може и повеќе…
Мал пресметувач за пумпи
Шибер во IT ерата? Wilo калкулаторот за пумпи ги содржи комплексните пресметки и е многу едноставен за користење. Најновата верзија на Wilo калкулаторот за пумпи е:

  • малку поголем од поштенски плик 
  • екстремно лесен за користење
  • идеален за правење пресметки на лице место
  • идеален за избор на циркулациони пумпи за греење во нови инсталации и во нови топлински системи
  • во согласност со важечките стандарди, препораки и избор на пумпи

Како работи
Лизгачкиот шибер беше инспирација. Сега можете да пресметувате оптимални солуции за вашите проекти, сантиметар по сантиметар

Пресметка на протокот
Најпрво се пресметуваат номиналните топлински потреби за објектот. За ова се користи податокот за специфичното топлинско оптоварување, дадено као вредност во согласност со стандардите за изолирање на градежните објекти од 1982 до најновите нискоенергетски објекти во согласност со EnEV 2002 и површината која се грее.
Овие вредности, како и избраната температурна разлика се користат за одредување на потребниот проток.

Пресметка на напорот
За да се одреди потребниот напор, се пресметува падот на притисок во цевната мрежа. За тоа, потребен ви е податокот за должината на цевката на потисот или повратот. Специфичните загуби од триење исто така се одредуваат во зависност од видот на објектот.

Додатоци во медиумот
Корекциите на пресметката при користење на додатоци против замрзнување се исто така дадени. Тие податоци се користат кога за медиум наместо вода, се користи мешавина на вода/глокол кој е со поголема вискозност и помал коефициент на предавање на топлина.
Овој дел од шиберот за избор на пумпа може да се користи за одредување на зголемувањето на параметрите за избор на пумпа како функција од работната температура, видот на адитив и неговото процентуално учество во медиумот.

Избор на пумпа за греење
Одредените вредности за протокот Q и напорот H се користат за пресметка на номиналната работна точка на пумпата и/или цевниот систем.
Најсоодветната Wilo пумпа за греење може да се избере од другата страна на шиберот.
За ова, на лизгачката површина - поделена според категоријата на пумпата - се дадени хидрауличните карактеристики на високоефикасните пумпи "Wilo-Stratos" и "Wilo-Stratos ECO" со енергетска ознака А, регулираните пумпи што штедат енергија "Wilo-TOP-E" и "Wilo-Star-E" и нерегулираните стандардни пумпи "Wilo-TOP-S" и "Wilo-Star-RS".

Заштедете енергија со пумпниот лизгач

Пумпите во Германските котлари се во просек три пати поголеми од тоа што треба да бидат. Имајќи го ова на ум, кога е потребно да се замени расипана пумпа, Wilo препорачува да не се врши само едноставна замена според карактеристиката на пумпата што се менува, туку да се направи повторно проценка на параметрите на системот со користење на расположивите податоци за објектот и инсталацијата.

Ова е можно кога калкулаторот за пумпи доаѓа во рака...
Wilo шиберот за пресметка и избор на пумпи со упатството за користење може да се нарача овде или едноставно јавете се на +389 (02) 3122-058.

Wilo Adriatic - Rep. office Skopje
Orce Nikolov 101 / lok. 3
MK-1000 Skopje
Macedonia
T +389 2 3122058
F +389 2 3122058
valerij.vojneski@wilo.com.mk