Деловни и станбени објекти
Станбен комплекс, Бад Белинген
Теренот на далеку познатите игралишта за голф и бања Drei-Thermen-Golfresort во Маркгрефлерланд стана ексклузивно живеалиште.
Во срцето на ова омилено место за средби на љубителите на голфот од целиот свет, денес се наоѓаат четири куќи со вкупно 40 модерни и комфорни станови со извонредна местоположба, во средина на триаголникот Германија, Швајцарија и Франција.
Високо ефикасен комфор на живеење. Снабдувањето со греење на четирите повеќефамилиарни куќи се врши централно со примена на пумпата Wilo-Stratos. Високоефикасната пумпа на оптимален начин ги исполнува сите потреби на живеалиштето. Таа ве убедува со нејзината тивка работа и малата потреба за простор. При тоа автопилотот автоматски го намалува трошењето на електричната енергија преку ноќ со што овозможува големо штедење на струја. Идеална хармонизирана работа со техниката на согорување. Сепак најинтересниот аспект на пумпата Wilo-Stratos е нејзиниот специален начин на регулација Δp-T, благодарение на кој таа е наменета за техника на кондензациски котли. Со оваа регулација Wilo-Stratos се грижи за тоа да до грејните тела доаѓа онолку топлина колку што во моментот е потребно. Тоа значи дека влезната и излезната температура на греењето контролирано се држат ниско (60 °C). Тоа води кон највисок можен степен на корисно дејство и со тоа до значително намалување на трошењето на фосилните горива. Со тест мерењата во системот е утврдена заштеда на енергија од 1.400 kW на 415 kW. Со тоа Wilo-Stratos се докажува како чудо во штедењето на енергијата во станбените објекти. Со новата високо ефикасна пумпа Wilo-Stratos ECO стојат на располагање овие енормни потенцијали на штедење енергија и кај помалите објекти. Правилно прилагодување. Со Stratos пумпите, Wilo дава значителен придонес кон оптимизирањето на системите за греење како и за истражувањата во оваа сфера. Германското здружение за животна средина (Deutschen Bundesstiftung Umwelt) со побараниот еко проект OPTIMUS (ОПТИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ЕНЕРГИЈА) истражуваше во поширока област, колку енергија конкретно се штеди со оптимирани грејни системи. WILO SE е активен партнер во овој проект (https://ssl.wilo.de/,DanaInfo=www.optimus-online.de+).
Стнбен објект, Бад Белинген. Orce Nikolov 101 / lok. 3 MK-1000 Skopje Macedonia T +389 2 3122058 F +389 2 3122058 valerij.vojneski@wilo.com.mk |
|||||||